Група мигранти стационирани на италијанско-француската граница
15.06.2015 12:29
Бараат решение за влез во некоја европска земја...

Неколку десетици мигранти од Африка на кои во четвртокот им беше забранет влез во Франција и натаму се стационирани на италијанско-француската граница и одбиваат да ја напуштат територијата. Бараат решение за влез во некоја европска земја.
Синоќа група од десно ориентирани активисти во непосредна близина на емигрантите истакна табла со натпис „Нема да се населите во Европа“. Италијанската полиција спречи инцидент меѓу двете групи.
