Иванов- Митов: Продолжување на евроинтеграциите
15.06.2015 13:26
Размениле мислења за актулените политичко економски состојби во државава и во регионот со акцент на стабилноста, безбедноста и евроатланските процеси...

Претседателот Иванов оствари средба со бугарскиот шеф на дипломатијата Даниел Митов. Размениле мислења за актулените политичко економски состојби во државава и во регионот со акцент на стабилноста, безбедноста и евроатланските процеси.
Неопходно е сите политички фактори да дејствуваат одговорно, да се ангажираат со конструктивен дијалог во институционално решавање на предизвиците, нагласил Иванов.
Била констатирана потребата од ангажман на Европската Унија во процесот на стабилизација на земјата и продолжување на европските и евроатласнките аспирации.
