Почина и четвртото момче повредено во сообраќајката во Куманово

15.06.2015 13:33

17 годишникот кој се лекуваше на Ургентниот центар во Скопје им подлегнал на повредите...

Почина и четвртото момче кое беше повредено во тешката сообраќајна несреќа која на 9-ти јуни се случи во кумановската населба Бедиње.

17 годишникот кој се лекуваше на Ургентниот центар во Скопје им подлегнал на повредите.

Несреќата се случила кога автомобилот со кој се превезувале момчињата, поради неприспособена брзина, излетал од мостот и паднал на автопатот.

На самото место починаа две момчиња, а уште едно на пат кон болница..