Останува ДДВ од 5 отсто на становите

15.06.2015 13:39

Дополнително позитивно ќе се одрази врз градежниот сектор и врз вкупната економија, велат од Здружението за градежништво при Стопанската комора...

Градежната индустрија е задоволна од најавата за три годишно пролонгирање на повластената даночна стапка од 5 проценти за изградба на станови. Тоа дополнително позитивно ќе се одрази врз градежниот сектор и врз вкупната економија, велат од Здружението за градежништво при Стопанската комора.

Интересот за купување станови се зголемува и тоа, пред се, се должи на повластената ДДВ стапка од 5 отсто. Затоа бараvме пролонгирање на одредбата која го дефинира овој процент односно стапката на ДДВ да не се зголеми, истакна Марија Петреска од Комората.

Евентуалното зголемување на ДДВ од 5 на 18 отсто, додаде Петреска, би повлекло поскапување на становите за околу 13 проценти, а тоа ќе резултира со намалување на прометот за два до три пати, и намалување на приходите во државниот буџет.