Проработе новата фонтана на градскиот плоштад во Скопје
15.06.2015 14:44
Според информациите од градот, површината на фонтаната е изработена од гранитен камен и има лед светилки...

Почна да работи новата фонтана на градскиот плоштад во Скопје. Фонтаната е со правоаголна форма и е со димензии 20 на 10 метри. Се наоѓа меѓу фонтаната „Воин на коњ“ и Камениот мост.
Според информациите од градот, површината на фонтаната е изработена од гранитен камен и има лед светилки.
Новата водена атракција, која наликува на сличните објекти во големите светски метрополи, предизвика голем интерес кај граѓаните, но и кај се побројните туристи.
