Средба Иванов- Дачиќ: Засилен ангажман за деблокада на евроинтеграциите
Во однос на актуелната политичка состојба во државава, Иванов истакнал дека е потребен посветен, одговорен и лидерски пристап кон дијалогот од сите политички партии...

Претседателот Ѓорге Иванов го прими Ивица Дачиќ, прв потпретседател на владата и министер за надворешни работи на Република Србија. Двајцата соговорници размениле мислења за билатералната и регионалната соработка и за евроинтеграциите.
Во однос на актуелната политичка состојба во државава, Иванов истакнал дека е потребен посветен, одговорен и лидерски пристап кон дијалогот од сите политички партии, со цел враќање на политичката стабилност, стои во дописот од кабинетот на шефот на државата.
Претседателот Иванов и министерот Дачиќ се согласиле дека е потребен засилен ангажман од меѓународната заедница, особено од ЕУ, за изнаоѓање начини за деблокада на европските интеграции и реафирмирањето на европската перспектива на Балканот.
