Се унапредува велосипедската инфраструктура во Скопје

15.06.2015 15:00

„Скопје Велоград 2017“ е новиот капитален проект на Град Скопје кој треба да испровоцира подобра велосипедската инфраструктура и да ја зголеми безбедноста на велосипедистите во сообраќајот...

Не се чувствуваме безбедно во сообраќајот – велосипедски патеки има во Скопје, но не доволно, а и не се секогаш слободни бидејќи често има возила на тротоарите или се полни со пешаци, велат велосипедистите.

Градот Скопје веќе една година работи на проектот „Скопје Велоград 2017“ за унапредување на велосипедската инфраструктура и за зголемување на безбедноста на велосипедистите.

АМСМ и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот ја промовираа налепницата „Мисли на велосипедистите“, со цел подигање на свеста на возачите за поголема безбедност на велосипедистите. Налепницата ќе стои на десниот ретровизор од страната на совозачот.

Велосипедизмот како алтернативен транспорт ќе придонесе и за почиста животна средина.

 

Билјана Јанакиеска