Билатерални средби- поддршка за македонските евроинтеграции
Кој и да ги доведува во прашање досегашните одлуки на владата, ја доведува во прашање одлуката на македонскиот народ, вели министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сиарто кој денеска имаше средба со премиерот Груевски. Освен со унгарскиот, Груевски на маргините на самитот ЦЕИ се сретна и со шефовите на дипломатиите на Италија и на Бугарија...

Унгарија ја поддржува европската перспектива и напорите на Македонија за евроатланска интеграција на земјата. И доколку некој се прашува за достигнувањата на оваа влада треба да ја има предвид демократската волја на народот- силна подршка за земјава од Унгарија пренесена преку министерот за надворешни работи Петер Сиарто. За политичките случувања во Македонија, Сиарто дециден дека народот во земјата јасно преку избори казжува на кого му ја дава довербата да ги води. Тој констатира дека ако опозицијата не се врати во парламентот, таа неможе да се смета за сериозна.
„Тоа е нивна одлука, но ако не се вратат во парламентот ќе биде тешко луѓето да ги земат предвид како сериозна алтернатива. Партијата која владее сега победи на 4 последователни избори. Кој ги оспорува овие избори, овие одлуки и кој ја оспорува актуелната влада, ја оспорува одлуката на македонските граѓани, а тоа не е демократски“, рече шефот на унгарската дипломатија во Охрид каде се одржува состанокот на ЦЕИ.
Премиерот Никола Груевски на маргините на состанокот оствари поединечни билатерални средби со министрите за надворешни работи на Италија, Бугарија и на Унгарија. Се разговарало и за стратегиските цели на Република Македонија, предизвиците со кои се соочува државата во поглед на политичката состојба и подготвеноста и отвореноста тие предизвици да се надминат. Груевски посочил дека и покрај билатералниот спор со јужниот сосед кој е и пречка за напредок во интеграциите, државата продолжува со реформите и напорите за полноправно членство во еу и нато. Континуираното унапредување на добрососедските односи,тема на средбата меѓу груевски и бугарскиот шеф на дипломатијата. Била потенцирана важноста од донесувањето на договорот за добрососедство.
Во Охрид е потрвдено и македонскоаврстиското партенерство. За австрискиот министер за надвошрешни рабои Михаил Линхарт, Македонија има подршка од Аврстрија за чекорење кон европскиот пат.
„Австрија ја поддржува Македонија за старт на преговорите, препораките на Советот. За Македонија е важно оваа криза да се заврши најбрзо што може. Оговорноста е на сите страни. Нашата порака е Македонија да оди во правец кон ЕУ. Таа е силен партнер, и ние го поддржуваме тоа. Го поддржуваме секој процес кон решение што ја држи земјата на европскиот пат“, рече Линхарт.
Домаќинот на самитот, министерот Поповски рече дека секое одлагање на приемот во ЕУ носи ризици Македонија да служи како мета за меѓународно поткусурување.
Централно европската иницијатива е формирана во ’89-та. Нејзина посветеност е подршка на европската интеграција преку соработка меѓу нејзините земји членки.
Миле А. Ристески
