Нов систем за одредување на квалитетот на млекото и млечните производи

16.06.2015 10:33

Земањето мостри за проценка на класите на млекото во иднина ќе го вршат обучени контролори. Сега млекарниците само го одредуваат местото од каде се зема примерокот од што зависи класата откупеното млеко...

Ќе се воведе систем на обука на контролори за земање мостри за одредување на квалитетот на млекото и млечните производи.

Контролорите по завршената обука ќе добиваат уверение.

Целта е да се добие реална проценка на класите на суровото млеко, на начинот на земање и чување на мострите од што зависи резултатот што се добива во лабораторијата.

Ова е значајно за исплата млекото врз основа на класи.

 

Методија Трајков