Дисциплински мерки против 38 вработени во МВР
Четворица полицајци се казнети со 15 проценти од платата за три месеци, бидејќи го напуштиле работното место и не се јавувале на радио врска...

По спроведената дисциплинска постапка, донесени се 38 решенија против исто толку вработени во Mинистерството за внатрешни работи поради сторени повреди на работното место.
Четворица полицајци се казнети со 15 проценти од платата за три месеци, бидејќи го напуштиле работното место и не се јавувале на радио врска.
Виш инспектор за прифат- сменоводител во Кисела Вода, е казнет исто така со 15 проценти од месечната плата за шест месеци, затоа што му избегало приведено лице.
Полицаец во Tабановце заработил парична казна во висина од 15 проценти од месечната плата за три месеци затоа што дозволил излез од државава на возило управувано од хрватски државјанин. Возилото од рент-а-кар агенција било пријавено за украдено.
За главен оперативен работник пак од одделението за обезбедување на странски делегации е запрена постапката.
