На Технолошко металуршкиот факултет успешно се произведува дизел гориво од отпад

16.06.2015 12:46

Од килограм пластични полиетиленски кеси во лабораториски услови биле добиени 1.050 милилитри квалитетно гориво. На Саемот на чиста енергија беа претставени низа иновации во производството на енергија од обновливи извори...

Технолошко металуршкиот факултет докажа дека и во македонија може успешно да се произведува дизел гориво од различен отпад. Последниве две години се работи на технологии за добивање  дизел гориво од пластика, гума и употребувано моторно масло. Од килограм пластични полиетиленски кеси во лабораториски услови биле добиени 1.050 милилитри квалитетно гориво.  На Саемот на чиста енергија беа претставени низа иновации  во производството на  енергија од обновливи извори.

„Изминативе десетина години интензивно работевме на развивање нови технологии за добивање течно гориво – биодизел од употребувани масти и масла и добиени се импозантни резултати. Последниве две години се посветивме на добивање дизел гориво од пластика, гума и употребувано моторно масло. Покрај ова, добиено е био-гориво од индустриски и шумски отпад,како и отпад од агроиндустријата. Покажавме дека валоризацијата на отпадотво употребливо гориво има еколошки, економски и социјален бенефит“, изјави проф. д-р Славчо Алексовски од Технолошко–металуршкиот факултет во Скопје.

Целта на саемот е да ја подигне свеста кај младите за академски развој и вработување во областа на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност.