Владата ги усвои измените на Законот за азил

16.06.2015 13:07

Донесена е одлука за формирање работна група од министрите за надворешни работи, полиција, локална самоуправа и за социјална политика кои ќе ги следат состојбите и ќе преземаат соодветни мерки и постапки согласно со надлежностите...

Секој мигрант кој ќе ја премине границата ќе може да остане најмногу 72 часа, а потоа ќе мора да ја напушти Македонија или да бара азил. Владата ги усвои измените на Законот за азил. Донесе одлука за формирање работна група од министрите за надворешни работи, полиција, локална самоуправа и за социјална политика кои ќе ги следат состојбите и ќе преземаат соодветни мерки и постапки согласно со надлежностите. 

И Европската унија започнува разговори за мигрантската криза. Шефовите на дипломатии ќе дискутираат– како да се справат со десетици илјади мигранти кои се обидуваат да влезат во Европа преку Медитеранот.

Проблемот се наметна како главна тема на министерскиот состанок на Централно европската иницијатива што се одржа во Охрид. Македонија со став – потребна е сеопфатна стратегија на сите земји од Западен Балкан, ОБСЕ со критика – одговорноста да се бара и кај земјите од Унијата.