Макстил: Завршени сите активности за еколошка дозвола
16.06.2015 13:10
Менаџерскиот тим тврди- мерната станица за амбиентален воздух е набавена, но се уште не е поставена...

Макстил ги заврши активностите за добивање на еколошката дозвола. Целиот процес ја чини компанијата 22 милиони евра.
Менаџерскиот тим тврди- мерната станица за амбиентален воздух е набавена, но се уште не е поставена. Со неа ќе се мери загадувањето на амбиенталниот воздух.
Од Макстил велат дека добиените вредности во пробната работа се пониски и од европските пет милиграми на кубен метар.
