Црвен крст: Обезбедени лекарски прегледи за мигрантите и пакети со храна
Планираат да активираат уште два тима на Итната медицинска помош на потегот од Гевгелија до Скопје...

Со двете теренски возила Црвениот крст им дава прва помош на мигрантите. Планираат да активираат уште два тима на Итната медицинска помош на потегот од Гевгелија до Скопје.
Лицата сместени во транзитните центри добиваат лекарска грижа и храна. Од јануари до мај оваа година од страна на Црвениот крст, во транзитниот центар реализирани се 2.277 лекарски прегледи од кои 1.227 врз мажи, 774 жени, девет новороденчиња и седум трудници. На месечно ниво се издаваат од 6 до 9 упати на секундарно и терцијално ниво, каде се врши и транспорт на лицата до јавните здравствени институции.
За мигрантите сместени во прифатниот центар за истиот период, обезбедени се и 450 пакети со дополнителна храна и средства за хигиена.
Сите што сакаат да донираат храна и финансиски средства тоа може да го сторат во пунктовите на Црвениот крст.
