Нема повредени во пожарот во гевгелиската оранжерија

16.06.2015 15:08

Причинета е материјална штета. Очевидци велат дека се слушнала и една експлозија...

Нема повредни во пожарот што избувна утрово во магацински простории на оранжеријата „Кане агро“ од Гевгелија. Причинета е материјална штета. Очевидци велат дека се слушнала и една експлозија.

Огнот зафатил резервни делови, гуми и пластика. Според првичните информации, се работи за  магацинските простории на гевгелиската земјоделска фирма - Кане агро.

Пожарникарите со неколку возила брзо стигнале на местото на пожарот. Полицијата е исто така на терен и врши увид. Се очекува подоцна да бидат соопштени првите согледувања за причините за пожарот.