Струга: Кривични пријави за загадувањето од депонијата

16.06.2015 15:13

Екологистите од Струга се побунија против загадувањето кое веќе две недели им го предизвикува дивата депонија и на граѓаните и на туристите. Поднесоа четири кривични пријави и се надеваат дека конечно депонијата ќе биде дислоцирана...

Четири кривични пријави подготвува невладината Каприкорн од Струга во врска со депонијата која веќе втора недела по ред ги гуши стружани. Пријавите се според член 230 и 218 од кривичниот законик за Загадување и Загрозување на животната средина со отпадни материјали како и две пријави за Злоупотреба на слузбена положба и Несовесно работење во служба според член 353 и член 353 став 1.

Според Васко Јолески од здружението „Каприкорн 2010“, директорот на Комунално Струга, но и самата општина, не нашле заеднички јазик ниту време да го разгледаат предлогот кое ова здружение го нуди како дислокација на депонијата во близина на граничниот премин Ќафасан кај Струга.

И останатите здруженија и невладини организации реагираат на Комуналното претпријатие и потсетуваат дека тоа не посто само за собирање отпад.

Дивата депонија во Струга која се наоѓа во самото градско подрачје 15 дена гори а граѓаните и туристите дишат загаден воздух. Пред извесен период беше покрената и иницијатива за дислокација на оваа депонија во општина Дебарца, но од таму беше најавено дека тоа нема да се случи.

 

Јованчо Наумоски