Труењата со храна почесто во летниот период
Мајка и две деца од Штип се затруле со храна. Нивната здравствена состојба е стабилна и пуштени се дома. Во текот на летните месеци труењата со храна се се почести. Викендов во два познати скопски ресторана, 16 граѓани завршија на инфективна...

Мајка и две деца од Штип се затруле со храна во која имало јајца. Нивната здравствена состојба е стабилна и се пуштени на домашно лекување. Во текот на летните месеци труењата со храна се се почести, лекарите апелираат храната да се чува соодветно.
„Храната веднаш по приготвувањето, по добра термичка обработка да се изеде, да не се чува за наредниот ден. Доколку мора да се чува, тоа да биде на соодветното место во фрижидер. Додека лесно расипливата храна, односно она што е произведено од млеко, млечните производи, сладоледи, овошни пудинзи тоа треба веднаш да се јаде или да се чува во фрижидер“, вели д-р Марија Димзова, Клиника за инфективни болести.
Повраќање, дијареа и зголемена температура - се првите симптоми од труење со храна. Се јавуваат од два до три часа по консумирањето. Мачнини можат да се појават и по три дена, доколку во храната има салмонела.
Викендов во два познати скопски ресторана на одделни приватни забави - 16 граѓани завршија на инфективна, по труење со храна. Нивната здравствена состојба е стабилна. Се уште не се готови резултатите од земените примероци од работните површени. Двата ресторана се под клуч - се додека не се потврди безбедноста на храната.
Андријана Атанасовска
