Интензивно се градат државни станови

16.06.2015 17:09

Побарувачката на државните станови не стивнува, интерес има, а крајната цена ја диктира пазарот. Лани се продадале повеќе од 80 проценти од изградените државни станови. Се гради во Скопје, но и во внатрешноста. Станови има и за ранливите категории граѓани и за децата без родители...

Нови 180 државни станови во скопски Аеродром ќе бидат на продажба од идната недела. Становите се во градба, а треба да бидат готови до крајот на септември. Комерцијални државни станови се градат и во Карпош. Во зависност од локацијата станбениот квадрат се движи од 795 евра до 1.100 евра. Побарувачката на државните станови не стивнува, интерес има, а крајната цена ја диктира пазарот вели првиот човек на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов.

Се гради во Скопје, но и во внатрешноста. Станови има и за ранливите категории граѓани и за децата без родители. Во завршна градба се и социјални згради во општина Ресен и Демир Хисар, а наскоро се очекува да се распише и оглас за оние на кои им се најпотребни овие станови.

Лани се продадале повеќе од 80 проценти од државните станови. Се гради во Скопје, но и во внатрешноста. Преку јавното станбено претпријатие се реализира и владиниот проект „Купи куќа, купи стан“ каде што голем број граѓани видоа надеж за решавање на животното прашање.

 

Сунчица Николоска