СДСМ објави нови аудиоматеријали од прислушувани разговори

16.06.2015 16:28

Очигледно е, според Заев, како на тесна група на поединци од интегративците им била важна моќта а не интересите на граѓаните и како се пазареле со коалицискиот партнер во владата...

Лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев објави аудио разговори што ги поседува партијата за функционери од ДУИ. Очигледно е, според Заев, како на тесна група на поединци од интегративците им била важна моќта а не интересите на граѓаните и како се пазареле со коалицискиот партнер во владата.

Лицемерието на ДУИ се манифестира и низ неколку случаи, како што додаде Заев, играќи и на нациналистичката карта. Според лидерот на опозициската партија, со аудио материјалите се покажува и нивната вмешаност во незаконското делење тендери и поставување партиски личности на високи позиции во државните институции.

Одговарајќи на новинарски прашања Заев за преговорите за излез од политичката криза рече дека тие мора да се водат врз принципиелни основи и во најкраток рок да да се направи исчекор, најавувајќи дека во наредниве 10 дена е можно продолжување на дијалогот.

 

Милчо Велески