Решен проблемот со земјиштето околу помошните земјоделски објекти

17.06.2015 10:24

Досега тоа се водеше како градежно и беше пречка за проширување на стопанството...

Корисниците и сопствениците на оранжерии, магацини, ладилниц и рибници до 12-ти  август треба да поднесат барања за заведување во катастер на земјоделското земјиште околу објектите.

Досега дворното место се третираше како градежно, и беше проблем за дополнителните градби.

Со третманот на земјоделско земјиште корисниците ќе можат да склучуваат договори за закуп и ќе имаат важечка документација.

 

Методија Трајков