Седници на три собраниски комисии

17.06.2015 10:33

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе се расправа и за измените и дополнувањата на Законот за катастар на недвижности во прво читање, по предлог Законот за амнестија на лица кои дале неточни изјави ...

Во Собранието на Република Македонија седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе се расправа и за измените и дополнувањата на Законот за катастар на недвижности во прво читање, по предлог Законот за амнестија на лица кои дале неточни изјави за годишните приходи во Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија во прво читање, како и по предлог законот за изменување на Изборниот законик во прво читање.

На дневен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија се измените и дополнувањата на законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, на Законот за јавните патишта и предлог законот за урбано зеленило, сите во прво читање.