Билион фунти инвестиции во Британија
17.06.2015 10:42
Директните инвестиции во 2014-та година се зголемени за 90 милијарди фунти, а нивото од билион фунти е највисоко во Европа и трето во светот, по САД и Кина...

Вкупната сума на директни странски инвестиции во Велика Британија за првпат надмина билион фунти, соопшти владата на британскиот премиер Дејвид Камерон.
Директните инвестиции во 2014-та година се зголемени за 90 милијарди фунти, а нивото од билион фунти е највисоко во Европа и трето во светот, по САД и Кина.
Овие податоци ќе бидат искористени од британските конзервативци за да ги отфрлат обвинувања на опозицијата дека плановите на Камерон за реформа на врските со Брисел ќе им наштетат на странските инвестиции во Велика Британија.
