Измените на Законот за азил утре на собраниска седница
17.06.2015 11:24
Актуелната состојба и околностите кои бараат брзо постапување ја наметнаа потребата за свикување на оваа посебна седница со единствена точка на дневен ред...

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски за утре ја закажа 56-тата пленарна сеница, на која ќе се расправа за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за азил и привремена заштита, по скратена постапка.
Актуелната состојба и околностите кои бараат брзо постапување ја наметнаа потребата за свикување на оваа посебна седница со единствена точка на дневен ред, а со цел брзо донесување на предложените законски измени, соопшти Кабинетот на Претседателот на Собранието на РМ.
