Глобален индекс на мир: Исланд најмирна, Сирија најпроблематична земја
17.06.2015 11:47
Сирија се наоѓа на дното од класификацијата, на 162-ро место...

Исланд е најмирна, а Сирија најпроблематична земја во светот. Според глобалниот индекс на мирот земјите се класифицирани според 23 критериуми. Втора на листата е Данска, а трета Австрија.
Сирија се наоѓа на дното од класификацијата, на 162-ро место. Таа е најпроблематичната земја, а во оваа категорија се наоѓаат и Ирак, Авганистан, Јужен Судан и Централноафриканската република.
Европските земји заземаат 20 од 30 места како најмирни држави во светот.
