Т-мобиле Македонија и официјално се спојува со Македонски телеком

17.06.2015 12:47

Акционерите сметаат дека со ваквиот потег новата компанија ќе обезбеди подобра позиција на пазарот...

Т-мобиле Mакедонија денеска и официјално ќе се присоедини кон Mакедонски телеком. Новата компанија ќе почне да функционира од 1 јули.

Акционерите сметаат дека со ваквиот потег новата компанија ќе обезбеди подобра позиција на пазарот, подобри резултати од работењето, поефикасно ќе се справува    со конкуренцијата и ќе има поголема можност за нови инвестиции.

Ова присоединување, заедно со очекуваното  спојување  на мобилните оператори  ОНЕ и ВИП, како и вчера објавената вест дека виртуелниот мобилен оператор Албафон  по само две години запира со работа, значи дека на телекомуникацискиот пазар во Македонија се очекуваат сериозни придвижувања.