Реконструираната велосипедска патека на булеварот „Александар Македонски“
Денеска беше промовирана новата велосипедска патека на потегот од надвозникот Естакада до бараките на општина Гази Баба во должина од 1.500 метри. Таа е дел од Коридорот 1 кој води од Гази Баба до Карпош...

До 2017-та Скопје ќе добие 4 велосипедски коридори што ќе ги поврзуваат сите страни на градот. Денеска беше промовирана новата велосипедска патека на потегот од надвозникот Естакада до бараките на општина Гази Баба во должина од 1.500 метри. Таа е дел од Коридорот 1 кој води од Гази Баба до Карпош.
Постојната велосипедска патека на оваа делница којашто беше многу оштетена и полна со дупки сега е реконструирана на вкупна должина од 1.530 метри и на ширина од 2,5 метри. Важно е да се нагласи дека реконструираната велосипедска патека по должината на булеварот Александар Македонски е обележана со вертикална и хоризонтална сигнализација, со континуирана препознатлива бела боја, што е во согласност со Акцискиот план за велосипедските патеки 2014 – 2017 година кој го подготви Градот Скопје“, изјави градоначалникот Коце Трајановски.
За реконструкција на велосипедската и на пешачката патека по должината на булеварот, Градот Скопје потроши околу 11 милиони денари.
