Со гасификација и инвестиции во енергетски извори до помала потрошувачка на струја

17.06.2015 14:04

Домаќинствата во Македонија трошат повеќе од 44 отсто од вкупнопотрошената електрична енергија во земјава од кои најголем дел за греење...

Пазарните услови ги диктираат цените, инвестициите во енергетскиот центар се неопходни за одржлив развој, велат од Здружението на енергетика при Стопанската комора. Изнаоѓањето алтернативи  за електричната енергија е тема на првата конференција.

Домаќинствата во Македонија трошат повеќе од 44 отсто од вкупнопотрошената електрична енергија во земјава од кои најголем дел за греење. Наш фокус ќе биде да најдеме алтернативи и да ја намалиме потрошувачката на електрична енергија за греење преку гасификација и инвестиции во енергетските извори, изјави претседателот на Здружението на енергетика при Стопанската комора на Македонија.

Целта на Здружението и на целиот енергетски сектор е да се изнајдат добри решенија, да се најдат инвестиции и да се продолжи рокот на траење на производните капацитети за електрична енергија, како и да се реализира зацртаното во Стратегијата за енергетика.