Град Скопје: Фонтаната и плоштадот „Македонија“ се во изградба

18.06.2015 11:39

Oд Град Скопје информираат дека на 15.06.2015 година беше извршено целодневно тестирање на површинска, таканаречена сува фонтана (џампинг џет), на плоштадот „Македонија“...

По повод информациите кои беа објавени во некои од медиумите, а во врска со пуштањето на фонтаните на градскиот плоштад, од Град Скопје информираат дека на 15.06.2015 година беше извршено целодневно тестирање на површинска, таканаречена сува фонтана (џампинг џет), на плоштадот „Македонија“.

Фонтаната и плоштадот се уште се во фаза на изградба и тестирање и за официјалното пуштање во употреба јавноста благовремено ќе биде информирана, соопштуваат од Град Скопје.