Четврта меѓународна вежба „ИПА Кампекс 2015“

18.06.2015 13:10

Како земја кандидат добивме шест препораки за почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ и континуирано придонесуваме во рамките на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, рече министерот за одбрана Зоран Јолевски...

Република Македонија е активен придонесувач во напорите за подобрување на безбедноста во регионот и пошироко. Како земја кандидат добивме шест препораки за почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ и континуирано придонесуваме во рамките на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, рече министерот за одбрана Зоран Јолевски на отворањето на четвртата меѓународна вежба „ИПА Кампекс 2015“ која се одржува во Македонија.

За евроамбасадорот во земјава, Аиво Орав, симулацијата е начин на приближување на земјите од Западниот Балкан. Вежбата што се одржува од 17-ти до 19-ти јуни е наменета за проверка и унапредување на постојните постапки за давање и примање меѓународна помош во случај на големи катастрофи.