Груевски: Од јули ќе се зголеми субвенцијата за енергетска сиромаштија

18.06.2015 14:44

Владата ќе помага со дополнителни 100 денари во сметките на социјално ранливите групи...

Нови поволности во проектот „Енергетска сиромаштија“. Владата ќе помага со дополнителни 100 денари во сметките на социјално ранливите групи.

„Од јули ќе се зголеми на 800 денари. Планот е спoред програмата на Владата од следната година да биде 900 денари, а од 2017-2018 да биде 1.000 денари. Тоа што ние го воведовме во 2010 година не само што го одржуваме континуирано, туку и постепено го зголемуваме на задоволство на оние на кои им е потребно“, изјави премиерот Никола Груевски. 

Постдипломците од овие групи исто така ќе бидат ослободени од плаќањето за полагање магистерски докторски испити.