Со „Македонија вработува“ работодавачите ги прошируваат бизнисите

18.06.2015 16:12

Во Битола досега преку проектот „Македонија вработува“, работно место обезбедиле над педесет лица. Една четвртина од нив се во категоријата од 50 до 58 години. Поволностите ги поттикнуваат работодавачите и да ги прошируваат бизнисите...

Желбата за вработување е присутна кај секој невработен човек. Но кога тоа ќе се случи на само неколку години до исполнувањето на условот за одење во пензија чувството е посебно, вели 57 годишната Гордана Лукич. Новопечената овластена сметководителка е една од десетината битолчани со над педесет години возраст на кои проектот „Макадонија вработува“ им го врати работното достоинство.

„Немам зборови колку сум среќна што ќе можам и понатаму работно да придонесувам и по пет години во пензија да заминам со крената глава“, вели новопечената овластена сметководителка, Гордана Лукич.

Ослободителните пакети од неколкугодишно неплаќање на придонеси за некого е потик вработувањето да го поврзат и со отварање на сопствен бизнис.

„Со еден од минатите пакети купив пчелни семејства, а со овој најнов пакет го легализирав бизнисот преку отварање на продавница за здрава храна“, вели младиот управител Менде Николовски.

Со интересни приказни и дел од работодавачите. Наташа Лукич која пред шест години се самовработила преку еден од пакетите вели дека олеснителните мерки и овозможиле денес да бице сопственик на мини компанија со пет вработени.

„Со оглед на нашата дејност добро сум упатена кон секоја новина и досега максимално ги користам што вроди со уште четири нови работни места во мојата мини компанија“, вели Наташа Лукич.

Иако проектот е во почетна фаза резултатите се задоволувачки.

Во повеќе битолски компании, со проектот „Македонија вработува“ досега работно мрсто обезбедиле педесетина лица, половината се со основно, а останатите со средно и високо обраџование.

Раздвиженоста во центарот за вработување е доволен сигнал за  зголемениот  интерес.

„Секојдневно стигаат нови апликаци интересот е голем од страна на сите категории“, вели Јешим Сејфуловска, раководител на Центарот за вработување Битола.

Оптимисти се дека и овој проект ке биде успешен како предходниот кој стимулираше вработување на лица до 29 години и по тој основ во Битола се вработија окулу 450 млади луѓе.

 

Стевче Митревски