Почна уривањето на куќите во кумановската населба
Со машини од државните институции се расчистуваат локациите и се изнесува градежниот шут, почна обновата на канализациската и на водоводната мрежа...

Почна уривањето на куќите во кумановската неселба „Тоде Мендол“ кои беа оштетени во оружените дејствија од 9 и 10 мај. Акцискиот план на владата, донесен веднаш по акцијата, предвидува парично обесштетување на жителите и изградба на нови домови.
Со машини од државните институции се расчистуваат локациите и се изнесува градежниот шут, почна обновата на канализациската и на водоводната мрежа, а жителите велат дека наскоро треба да ги добијат и паричните средства, во висина од 100 проценти од проценетата штета.
Првичната помош од владата изнесуваше 100 илјади денари, а пари обезбедија и општината, невладини организации и хумани граѓани.
