Претседателот Иванов на форум за безбедност во Братислава
Иванов ќе се обрати на сесијата „Балканска шаховска табла: дали влогот е целосна и слободна Европа?“. Предвидено е претседателот Иванов да оствари повеќе формални и неформални средби...

Претседателот Ѓорге Иванов денеска престојува во Братислава, Словачка, кадешто ќе учествува на 10-от глобален форум за безбедност „Глобсек 2015“. Иванов ќе се обрати на сесијата „Балканска шаховска табла: дали влогот е целосна и слободна Европа?“.
Во македонската делегација е и министерот за одбрана Зоран Јолевски, како и министерот без ресор Фуркан Чако, кои за време на престојот во Братислава пред словачките бизнисмени ќе ги презентираат поволностите и можностите за инвестирање во земјава.
На годинашниот форум ќе се расправа и за улогата на централна Европа околу случувањата во Украина, иднината на Европа, надворешната политика на САД, колективноста на НАТО Алијансата, како и економските карактеристики на Вишеградската група.
На маргините на форумот предвидено е претседателот Иванов да оствари повеќе формални и неформални средби.
