Министерот Незири на регионален економски форум во Софија

19.06.2015 10:32

Незири заедно со министрите за економија од регионот на форумот ќе разговара за економската соработка меѓу земјите во Југоисточна Европа...

Министерот за економија, Беким Незири на покана од неговиот бугарски колега Божидар Лукарски, денеска ќе учествува на Економскиот форум за Југоисточна Европа што се одржува во Софија, во рамки на претседавањето на Бугарија со процесот на соработка во регионот.

Незири заедно со министрите за економија од регионот на форумот ќе разговара за економската соработка меѓу земјите во Југоисточна Европа.

Предвидено е тој да има и работна средба со бугарскиот министер за економија.