Донација од 35 велосипеди за Град Скопје

19.06.2015 10:41

Се доделува во рамки на актуелната кампања за подобрување на велосипедската инфраструктура и подигнување на јавната свест за користење на велосипедот...

Авто- мото сојузот на Македонија денеска ќе донира 35 велосипеди за Град Скопје коишто ќе бидат поставени на велосипедските станици.

Донацијата ќе ја прими градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, а се доделува во рамки на актуелната кампања за подобрување на велосипедската инфраструктура и подигнување на јавната свест за користење на велосипедот како превозно средство во македонската метропола.