Стапува на сила одлуката на Владата за воведување едномесечен зелен картон
19.06.2015 12:11
Осигурителните компании од денес почнаа да издаваат едномесечни зелени картони...

Граѓаните кои планираат да патуваат во странство, од денеска ќе можат да извадат едномесечен зелен картон, објави порталот „Лидер“. Стапува на сила одлуката на Владата за воведување едномесечен зелен картон, која премиерот Никола Груевски ја најави пред неколку дена.
Осигурителните компании од денеска почнаа да издаваат едномесечни зелени картони. Цената на едномесечен зелен картон изнесува 30 евра за возила до 66 киловати, односно 50 евра за возила над 66 киловати.
Ова ќе им овозможи на граѓаните кои патуваат еднократно во летните месеци, да остварат значителни заштеди.
