Спасов: Наскоро грант за самовработување на лицата со инвалидност

19.06.2015 12:20

Денеска околу 1.030 родители на деца со пречки во развојот од материјално необезбедени семејства на сметките добија посебен додаток за повисоки 25 проценти...

Грант за самовработување на лицата со инвалидност - проект кој набрзо ќе се реализира. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска оствари средба со претседателите на Националните сојузи на лицата со инвалидност. Денеска околу 1.030 родители на деца со пречки во развојот од материјално необезбедени семејства на сметките добија посебен  додаток за повисоки 25 проценти.

„Се зголеми посебниот додаток за децата со пречки во развојот од материјално необезбедените семејства за 25%. Денес околу 1.030 родители на своите сметки  добија зголемен посебен додаток за цели 25%“, истакна министерот Спасов.

Министерот најави дека на средбата ќе се разговара и за уште неколку проекти кои што треба да се реализираат во наредниот временски период кои се предлози од Националните сојузи на лицата со инвалидност, а еден од нив е грантот за самовработување за лицата со инвалидност кој што набрзо ќе почне со реализација.