Коцијанчич: ЕУ очекува конструктивен исход од денешната лидерска средба во Скопје
19.06.2015 15:16
Портпаролот Маја Коцијанчич го поздрави продолжувањето на лидерскиот дијалог во земјава изразувајќи уверување дека во интерес на граѓаните ќе биде постигнат политички компромис...

Европската комисија преку изјава на портпаролот Маја Коцијанчич го поздрави продолжувањето на лидерскиот дијалог во земјава изразувајќи уверување дека во интерес на граѓаните ќе биде постигнат политички компромис.
Ние очекуваме конструктивен исход и обновена посветеност на политичките лидери, вклучително и на договорот од 2 јуни. Нашите позиции остануваат непроменети и ние веруваме дека во интерес на земјата и на луѓето, одржлив политички компромис е потребно да се постигне и ние сме подготвени да помогнеме во оваа ситуација, порача Коцијанчич.
