За 25% зголемен додатокот за децата со пречки во развојот од материјално необезбедените семејства

19.06.2015 16:49

Невработеноста е, исто така, проблем со кој се соочува ова категорија на граѓани. Надлежните ветуваат решение...

За 25 проценти e зголемен додатокот за децата со пречки во развојот од материјално необезбедените семејства. Денеска 1030 родители на своите сметки добија повеќе пари. Претставниците на националните сојузи сметаат дека ова е олеснување за родителите кои имаат деца со посебни потреби.

Невработеноста е, исто така, проблем со кој се соочува ова категорија на граѓани. Надлежните ветуваат решение.

Иако има уште многу да се работи, од Националните сојузи се надеваат дека прашањата кои ги засегаат ќе се решаваат во континуитет за  да се подобри состојбата во која  се наоѓаат. Велат, досега има подобрување.

Вo Македонија има околу 200.000 лица со хендикеп.

Наташа Јанчиќ