Состојбата во Македонија- главна точка на денешниот Совет на ЕУ
22.06.2015 10:11
Шефовите на дипломатиите на Унијата ќе разговаат за итните реформи препорачани од Европската Комисија по договорот од 2-ри јуни во Скопје...

Денеска во Луксембург, Европскиот Совет ќе дебатира за политиката на подобра регулатива во Република Македонија. Шефовите на дипломатиите на Унијата ќе разговаат за итните реформи препорачани од Европската Комисија по договорот од 2-ри јуни во Скопје.
Во заклучоците од април годинава, Советот изрази загриженост за политичката состојба, повика на итно решавање, при што следуваше ангажман на европските парламентарци и еврокомесарот Хан во разговорите со лидерите на партиите.
