Почнуваат уписите во средно образование

22.06.2015 10:36

Денеска и утре е првото пријавување во јунскиот уписен рок за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2015/2016 година. Резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени в среда, 24-ти јуни...

Почнува уписот на полуматурантите во средното образование кое е задолжително во земјава.  Денеска и утре е првото пријавување во јунскиот уписен рок за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2015/2016 година. Резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени в среда, 24-ти јуни.

Според конкурсот, второто пријавување во јунскиот уписен рок е на 29-ти и 30-ти јуни, а резултатите од запишувањето ќе бидат објавени на 1-ви јули. 

На интернет страницата на Министерството за образование и наука се наведени слободните места за гимназиско, стручно и уметничко образование во средните училишта во Град Скопје и во сите општини во државава, условите за запишување и критериумите за избор на кандидатите, потребните документи и конкурсните рокови. 

Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок е на 24-ти август, а резултатите и слободните места ќе бидат објавени наредниот ден.