Субвенции за нови лозја и овоштарници

22.06.2015 11:57

Наскоро ќе се објави оглас за субвенции за нови лозја и овоштарници. По 2,5 милиони денари ќе добијат земјоделците кои ќе инвестираат на најмалку половина хектар...

Платежната агенција наскоро ќе објави оглас за поднесување барања за субвенционирање нови овошни и лозови насади.

Право на овие пари имаат евидентираните земјоделци или трговец поединец со површина од најмалку половина хектар.

Треба да имаат агрохемиска анализа на почвата, насади  сo одобрени сорти и платена водарина и пашарина.

Насадите треба да бидат подигнати од 1-ви јануари до 30-ти септември 2015 година.

 

Методија Трајков