Две нови автомобилски компании ќе инвестираат во Македонија
Едната од нив ќе биде во Скопје. Со работа ќе почне идната година во јануари и ќе вработи 300 луѓе. Другата фабрика ќе се отвори во Југоисточниот дел на земјава и ќе обезбеди работа за 1.500 луѓе...

Две нови компании од автомобилската индустрија донеле интерни одлуки за инвестирање во Македонија. Се отвораат нови 1.800 работни места, објави премиерот Груевски. Едната од нив ќе биде во Скопје. Со работа ќе почне идната година во јануари и ќе вработи 300 луѓе. Другата фабрика ќе се отвори во Југоисточниот дел на земјава и ќе обезбеди работа за 1.500 луѓе. Се очекува компаниите својот влез во земјава да го објават летово.
Поддршката од народот не доаѓа без причина, таа е заслужена со држење до дадениот збор и исполнување на ветеното- рече Груевски. Вели дека тоа најдобро се гледа во досегашните и идните инвестици во инфраструктурата, изградбата на трите автопати, железницата кон Бугарија и кон Грција, гасоводот од Куманово кон Штип. Годинава почнува реконструкција на автопатскиот дел Смоквица- Гевгелија во должина од 10 км, а од декември ќе се обнувува делницата на потегот од Куманово до Скопје, долга 23 км. Се градат над 20 нови локални патишта, а се реконструираат и старите патни правци, рече Груевски.
Според Груевски со привлекувањето на странски компании и охрабрувањето на домашните фирми да инвестираат во Македонија се отворија нови работни места, а со мерките за вработување на младите им се помага да креираат подобар живот и да останат во земјата. Во време на светска и европската должничка криза стапката на невработеност во земјава од 38 се намали на 27,3 осто.
Сунчица Николоска
