Собранието ќе расправа за измени и дополнувања на закони од различни области

22.06.2015 09:36

Пратениците ќе расправаат и за предлог на Закон за амнестија на лица кои дале неточни изјави за годишните приходи во Фондот за здравствено осигурување...

Денеска ќе заседава Собранието на РМ. На дневен ред на 54 сесија се измените и дополнувањата на Законот за квалитетот на земјоделските производи, Законот за хемикалии, Законот за персоналниот данок на доход, Законот за катастар на недвижности, предлог на завршна сметка на буџетот на земјава за 2014- та како и измените и дополнувањата на Законот за јавните патишта и на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, сите во прво читање.

Пратениците ќе расправаат и за предлог на Закон за амнестија на лица кои дале неточни изјави за годишните приходи во Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија како и за повеќе различни закони од повеќе области.