Темелко по трет пат градоначалник на Пустец
Задоволството кај Партијата на Македонците е уште поголемо затоа што освои осум советнички места со што за прв пат ќе го има мнозинството во Советот...

Едмонд Темелко, кандидат за градоначалник на Македонска Алијанса за Европска интеграција, на локалните избори во Албанија кои се оддржаа вчера, по трет пат ја доби довербата на гласачите во Пустец. Овој пат убедливо, со предност од 2.100 гласа во однос на неговиот против кандидат од Демократската партија кој доби 480.
Но, задоволството кај Партијата на Македонците е уште поголемо затоа што освои осум советнички места со што за прв пат ќе го има мнозинството во Советот.
Оваа двојна победа само го потврдува фактот дека свеста на Македонците се повеќе се буди.
Инаку, ова се првични неофицијални извори. Се уште не се добиени резултатите од 16 градови во Албанија каде живеат Македонци, а Македонска Алијанса има свои советнички листи.
Сандре Темелковски
