Заеднички инвестициски проекти за поголем економски раст

22.06.2015 14:15

Очекувањата се дека ефектот врз економијата ќе биде речиси за петнаесет пати поголем. Стопанските комори се согласни дека треба да се работи на заеднички инвестициски проекти во инфраструктурата и зголемување на трговската размена со ЕУ...

Новиот Европски фонд што ќе биде наменет за инвестиции во нови работни места, зголемување на економскиот раст и подобрување на конкурентноста ќе тежи 21 милијарда евра.

Очекувањата се дека ефектот врз економијата ќе биде речиси за петнаесет пати поголем. Стопанските комори се согласни дека треба да се работи на заеднички инвестициски проекти во инфраструктурата и зголемување на трговската размена со ЕУ.

Учеството на регионот во вкупната трговска размена на Европската унија во 2014 година изнесува само 1,1 процент што е слаб економски резултат и заради тоа е неопходна интензивност, односно сите заеднички да работиме најмалку двојно да го зголемиме во следните години, истакна денеска на прес-конференција Елена Милевска Штрбевска, оперативен директор на Стопанската комора на Македонија.