Ципрас и Могерини го откажаа учеството на летната сесија на ПССЕ

22.06.2015 14:20

а сесијата ќе учествува и делегација на Собранието на Република Македонија во состав на Александар Николоски, во својство на шеф и Ермира Мехмети и Владимир Ѓорчев во својство на членови на делегацијата...

Грчкиот премиер Ципрас и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Могерини го откажаа учеството, иако беа најавени како говорници на летната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, што започнува денеска, а завршува на 26 јуни.

На парламентарците од 47 земји членки на Советот на Европа ќе им се обратат генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки-Мун, претседателот на Малта, Мари Луиз Колеиро Прека, како и претседавачот на претседателството на Босна и Херцеговина, Младен Иваниќ. На сесијата ќе учествува и делегација на Собранието на Република Македонија во состав на Александар Николоски, во својство на шеф и Ермира Мехмети и Владимир Ѓорчев во својство на членови на делегацијата.

На сесијата Парламентарното собрание ќе го разгледува поништувањето на претходно ратификуваните акредитации на делегацијата на Русија, функционирањето на демократските институции во Азербејџан, ситуацијата во Унгарија, а  актуелна тема ќе биде потребата од заеднички европски одговор на предизвиците на миграцијата.

Ќе се дебатира и за исчезнатите лица во конфликтот во Украина како и за други теми од интерес за парламентарците.