На друштвените мрежи- најголема злоупотреба на личните податоци

22.06.2015 14:31

Лични податоци може да биде злоупотребени во институции, при купување, плаќање на сметки. Подигањето на јавната свест е од големо значање, сметаат учесниците на Конференцијата за едукативниот пристап кон предизвиците од заштита на приватноста...

Заштита на лични податоци е човеково право кое Дирекцијата за заштита на личните податоци 10 години прави напори да го заштити. Лични податоци може да биде злоупотребени во институции, при купување, плаќање на сметки. Подигањето на јавната свест е од големо значање, сметаат учесниците на Конференцијата за едукативниот пристап кон предизвиците од заштита на приватноста. 

Директорот на ДЗЛП Димитар Ѓеорѓиевски вели дека резултатите за досегашното работење на Дирекцијата покажуваат оти се наоѓа на вистинскиот пат.

„Бројот на претставките кои секојдневно ги добиваме и кои на годишно ниво се прикажани во извештаите покажуваат дека во 2013, 2014 и 2015 година бележи раст во нарушувањето на приватноста во поглед на социјалните медиуми“, истакна Ѓеорѓиевски.

Според податоците на ДЗЛП во 2014 година 245 претставки биле поднесени по електронски пат, 125 по писмен пат и една усно. Од претставките 54 проценти се однесувале за злоупотреба на личните податоци на социјалните мрежи. За бришење на лажен профил на Фејсбук се поднесени 130 барања, 12 за бришење на лажни профили на малолетни лица на истата мрежа. За пробиено корисничко име или лозинка на профил поднесени се 47 барања.