Богов: Македонскиот банкарски систем е стабилен

22.06.2015 15:21

Гувернерот Богов го информирал македонскиот претседател за преземените мерки и активности на Народната банка на Република Македонија, како и за можните сценарија при разрешувањето на кризата во еврозоната...

Македонскиот банкарски систем е отпорен и дека може без поголеми последици да ги издржи ударите од кризата во еврозоната, потенцирал гувернерот на НБРМ, Димитар Богов, на денешната средба со претседателот Ѓорге Иванов,  во Вила Билјана во Охрид.

На средбата се разговарало за поставеноста на монетарната политика на Република Македонија, во контекст на последните случувања од грчката должничка криза и за можните рефлексии врз нашата држава, соопштуваат од кабинетот на Претседателот.

Гувернерот Богов го информирал македонскиот претседател за преземените мерки и активности на Народната банка на Република Македонија, како и за можните сценарија при разрешувањето на кризата во еврозоната.

Претседателот Иванов и гувернерот Богов контатирале дека Народната банка на Република Македонија претставува стабилна институција која досега покажа капацитет во постигнување на финансиска стабилност и одржување на сигурен и стабилен банкарски систем.