Македонија не е на офицјалниот дневен ред на ПССЕ

22.06.2015 16:21

Актуелна тема ќе биде потребата од заеднички европски одговор на предизвиците на миграцијата. На парламентарците од 47 земји членки на Советот на Европа ќе им се обрати, генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-Мун...

Во Стразбур започна со работа летнатасесија на ПССЕ, на која учествува и делегација на Собранието на  Република Македонија предводена од Александар Николоски, во која се наоѓаат уште и Ермира Мехмети и Владимир Ѓорчев.

И овој пат во делегацијата на македонското Собрание не се наоѓаат претставниците на најголемата опозициска партија СДСМ и покрај бројните повиците на ПССЕ, од почетокот на ова година.

„Македонија не е на дневниот ред на оваа сесија, затоа што на дневниот ред се оние дебати кои се итни и кои што претставуват проблем во Европа. Според оценките на ПССЕ, Македонија не претставува таков проблем и затоа таа не е официјално на дневен ред. Утре во ПССЕ ќе се води една важна дебата на која ќе се расправа за заштитата на предупредувачите, како Сноуден, при што ќе стане збор и за нелегалното прислушување, по што ќе треба да се донесе и реозлуција во која истото ќе биде осудено“, изјави Александар Николоски, шефот на Македонската делегација.

Актуелна тема ќе биде потребата од заеднички европски одговор на предизвиците на миграцијата. На парламентарците од 47 земји членки на Советот на Европа ќе им се обрати, генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-Мун, додека Премиерот на Република Грција, Алексис Ципрас, кој исто како и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија беа најавени како говорници на летната сесија, го откажаа учеството на истата.

Недоаѓањето на Ципрас, новинарските кругови во Стразбур го протолковаа како знак, дека најверојатно Грција и Европската Унија ќе најдат денес компромис за грчкиот долг.

 

Тони Гламчевски, допсиник од Стразбур за МРТ